недела, 11. април 2021. Вести денес: 113
home Вести

За вакцинирање се пријавиле 111.000 граѓани, вакцинирани се само 1677 здравствени работници

За вакцинирање се пријавиле 111.000 граѓани, вакцинирани се само 1677 здравствени работници
МИА

Вакцина против Ковид-19 примиле 1677 здравствени работници, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Имунизацијата се одвива во модуларната болница при Инфективната клиника во Скопје, а се врши со вакцини од производителот „Фајзер“ кои државава го доби како донација од Србија.

Преку веб-страницата „vakcinacija.mk“ за вакцинација се пријавиле 67.700 граѓани, а 43.789 преку матичен лекар, посочија од Министерството за здравство.

Коронавирус