недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 8
home Вести

За утре закажан протест на вработените во Клинички центар по одлуката на Шилегов за покачување на месечниот паркинг билет

За утре закажан протест на вработените во Клинички центар по одлуката на Шилегов за покачување на месечниот паркинг билет

На иницијатива на повеќе од 200 вработени во скопскиот Клинички центар, а со поддршка на синдикалните организации при споменатата здравствена институција, во периодот на законски предвидената пауза од половина час, од 10 до 10:30 часот, на просторот на Хелиодромот во рамките на комплексот ќе се одржи протест против одлуката на Советот на Град Скопје за наплата на месечен билет за паркинг постор за вработените во центарот, се наведува во соопшението испратено до медиумите.

Вработените во скопскиот клинички центар истакнуваат дека освен што наплатата од 850 денади месечно за секој вработе ќе се одрази на буџетот на секој вработен во институцијата, скопскиот градоначалник Петре Шилегов, со својата изјава длабоко го повредил достинството на здравствените рабортници/

„Освен децидното неприфаќање на одлуката, ќе понудиме и предлози и здрави решенија во интерес на вработените, но и на пациентите“, се наведува во соопштението.

Вработените во Клинички, исто така, предупредуваат дека од среда како нареден чекор ќе преземат блокирање на наплатните места за користење на паркиралиштето.

„Паузата е цреме во коешто ќе покажеме дека нема повеќе да не’ цедите по џебот и да не навредувате како професионалци“, додаваат вработените во скопски клинички центар.

Град Скопје денеска донесе одлука вработените во Клиничкиот центар наместо 300 ќе плаќаат 850 денари месечна карта за паркирање на паркингот во кругот на болниците. По предлог на градоначалникот Петре Шилегов, се укинува повластената цена за паркирање која со години ја имале вработените на Клинички и се воведува цена како за сите правни лица кои користат месечни карти на паркинзите на ЈП „Градски паркинг“.