вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 2
home Вести

За упис на факултетите со диплома за завршено средно образование во оваа учебна година

За упис на факултетите со диплома за завршено средно образование во оваа учебна година

На високообразовните установи, покрај веќе утврдените услови, ќе можат да се запишат и учениците од завршните години од учебната 2019/2020 година со дипломата од завршено средно образование, објави министерот за образование и наука Арбер Адеми.

-Ги уредивме и уписите во оваа академска година на високообразовните установи, покрај веќе утврдените услови ќе можат да се запишат и учениците од завршните години од учебната 2019/2020 година со дипломата од завршено средно образование, објави Адеми на својот Фејсбук-профил, соопштувајќи дека Владата на седница  ги усвоила уредбите за основното, средното и виското образование со кои се обезбедува непречено функционирање на воспитнообразовниот систем.

Адеми ги наведува и одлуките кои Владата ги донесе во четвртокот –  укинување на државната матура, училишната матура и завршниот испит за учениците од завршните години запишани во оваа учебна година, учениците од основните и средните училишта не се враќаат во училишните клупи односно наставата до 10 јуни ќе заврши по пат на далечинско учење, а уписот на првачињата за учебната 2020/2021 година ќе се врши во јуни наместо во мај.

Коронавирус