четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

За „Тајм“, Заев е северномакедонски премиер- ќе реагира ли МНР?

За „Тајм“, Заев е северномакедонски премиер- ќе реагира ли МНР?

Политичката дистрибуција на придавките сѐ позивесно ќе остане на хартија во упатството на МНР издадено за странските и за домашните новинари.

Додека светот ни се обраќа со „северномакедонски“, власта ќе ни ги мачка очите дека дипломатски сме победиле, пренесува Република.

Северномакедонско ни беше виното, амекриканските војници вежбаа на Криволак со северномакедонските, Северномакедонци ни се и кошаркарите…, а од вчера за неделникот „Тајм“ на историското селфи позираат „Грчкиот и северномакедонскиот премиер…”.

Во насловот на текстот објавен на интернет страницата на „Тајм“ употребена е придавката „северномакедонски” за да го означи премиерот Зоран Заев, а во текстот „македонски”.

Македонското Министерството за надворешни работи неодамна објави упатство наменето за странските и домашните медиуми за употребата на новото име Северна Македонија и за придавката северномакедонски, односно македонски.

Во упатството се вели дека не треба да се употребуваат придавките „Северномакедонски“, „С.македонски“ или „СеверноМакедонски“.

Од МНР тогаш најавија дека редовно реагираат и ќе реагираат на сите вакви несоодветни употреби на придавјката северномакедонски.

Останува да видиме…

Коронавирус