вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 139
home Вести

За судот и обвинителството нема коронавирус: Нивната несовесност е опасност за нови кластери

За судот и обвинителството нема коронавирус: Нивната несовесност е опасност за нови кластери

Судот и обвинителството се однесуваат како да не постои коронавирусот во Македонија. Тие единствено имаат за цел да ги забрзаат рочиштата и да се донесат одлуки и пресуди, па не покажуваат ниту почитување на препораки ниту грижа за нечие здравје.

Имено, лица кои имаат симптоми на коронавирус и решенија за изолација, се принудени да дојдат во судница. Обвинети во Титаник и Траекторија, случаи на СЈО, доаѓаат и ги носат на рочишта и покрај тоа што имаат решенија за изолација, висока температура и сите останати симптоми на коронавирусот.

Додека е забрането групирање на повеќе од 4 лица, денес пред судница 1 имаше повеќе од 40 лица истовремено.

Вакво прекршување се прави и покрај забраните за групирање на луѓе и мерките за заштита кои очигледно залудно се закачени на судските ѕидови.

Еден од сведоците за Траекторија синоќа починал од коронавирусот, но тоа не е пречка на судиите на Заев да продолжат и понатака да носат заразени луѓе на судење.

Судскиот Совет засега за ова однесување на судиите од Кривичниот Суд Скопје си молчат.

Неверојатно е како желбата за политичка одмазда ја надминува заштитата на јавното здравје во Македонија.

Судовите лесно ќе станат нови кластери од кои ќе излезат голем број на заразени.

Најнови вести

Коронавирус