понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 192
home Вести

За сто дена нема повеќе и подобро, има вето, рецесија и загуби

За сто дена нема повеќе и подобро, има вето, рецесија и загуби

Што добија граѓаните во првите 100 дена од Владата на премиерот Зоран Заев? И покрај многутте ветувања, граѓаните се соочија со вето, рецесија, енормна загаденост на воздухот и висока стапка на смртност од КОВИД-19.

Пред првите 100 дена од Владата премиерот Зоран Заев ветуваше се и сешто на граѓаните.

ПРАЗНИ ВЕТУВАЊА

„Уште во првите месеци од мандатот новата Влада ќе обезбеди механизми за структурни реформи во јавната администрација, но и во делот на владеење на правото преку прочистување на судството и градење силна независна правна држава“, изјави премиерот Зоран Заев на 30.08.2020.

Новиот министер за правда, Бојан Маричиќ вети дека во првите 100 дена од мандатот ќе биде подготвен модел за прочистување во правосудството, кој треба да ја зајакне одговорноста на судиите и обвинителите кои намерно застаруваат предмети.

„Не е готов, затоа што не се истечени деновите, меѓутоа и затоа што се подготвува интензивно. Можам да ве уверам дека до крајот на годината, до 30 декември, очекуваме да биде усвоен и објавен. Усвоен од Советот на обвинители, од Судскиот совет и Советот за судски реформи на Владата“, вели министерот за правда Бојан Маричиќ при давање изјава за медиуми пред неколку недели.

Справување со економската криза беше уште едно од ветувањата на премиерот Заев во експозето при изборот на новата Влада. т.н. четврт пакет мерки тежи 470 милиони евра и во најголем дел ги опфаќа туристичко-угостителските дејности. Министерот за економија тврди дека немаат заостанати обврски, а тоа што го одложиле за идната година е пренаменето за справување со корона-кризата.

И на крајот премиерот уште ги убедува граѓаните дека државата оди напред. „Државата прогресира Мицкоски протестира, за да си ја задржи фотелјата, истакна Заев. Од друга страна чесно е да е се дадат 100 дена на владата, а не да се протестира по петтиот, шестиот ден“, рече премеирот Зоран Заев во своето гостување во емисија на МТВ.

СУРОВА РЕАЛНОСТ

Во делот на евроинтеграции следува торнадо, пресврт, Македонија доби вето од Бугарија. Бугарскиот претседател Румен Радев во својата изјава за бугарско-македонски односи со индиција дека засега Бугарија нема да се откаже од ветото.
„Нашите браќа од Република Северна Македонија треба да станат членови на ЕУ, но тоа мора да биде со искоренување на антибугарската реторика, говорот на омраза и објективното признавање на историската вистина, што мора да стане неповратен процес и тука Бугарија треба категорично да ги брани своите права“, изјави Румен Радев -претседател на Бугарија.

Премиерот Зоран Заев ја шокираше македонската јавност со своето интервју дадено за бугарски медиуми БГНЕС.
„Во тоа време, на почетокот, имаше една администрација. Потоа Бугарија се приклучи кон антифашизмот, се бореше за слобода, за демократија и несомнено беше дел од антифашистичкиот фронт. Бугарските и македонските трупи ослободија неколку територии – Крива Паланка, Куманово, целиот регион, Скопје и целиот овој дел. И ова е добар дел од нашата историја, што нè прави уште пообединети“,изјави премиерот Зоран Заев ви интервју за БГНЕС (25.11.2020).

Во делот на економијата од пред неколку дена македонската економија и официјално е во рецесија, а изгледите за 2020 година се значително влошени. Државниот завод за статистика објави дека минусот во третиот квартал е 3,3%, што само ги потврди прогнозите дека состојбата на терен е сериозно влошена. Во третиот квартал економијата ја одржувале во живот земјоделството, градежништвото и секторот за информации и комуникации. Финалната потрошувачка била во номинален пад од 1,4%, односно 6,8% во делот на извозот на стоки и услуги. Дека состојбите не чинат потврди и Народната банка, која драстично ги коригира прогнозите за растот на македонската економија.

„Во согласност со ваквиот контекст, при понеповолно надворешно окружување, но и послаби остварувања во првата половина на оваа година, најновите проекции упатуваат на пад на економската активност од 4,9% во 2020 година и постепено закрепнување со интензитет од 3,9% и 3,6% во следните две години“, изјави гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска.

А, во делот на здравството и во справување со КОВИД кризата Македонија има значително висок црн биланс, односно енормен број на починати и заразени. За 100 дена од владата на премиерот Зоран Заев Македонија бележи околу 1.300 починати лица од КОВИД-19. Граѓаните за оваа енормна бројка на починати лица бара одговорност од самата влада и министерот за здравство Венко Филипче. Поради еномрната бројка на починати Македонија се рангира на врвот на европската и светската листа на починати од КОВИД-19.

Најнови вести

Локални избори 2021