вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 24
home Вести

За Спасовски немаат значење забелешките на Стејт департментот за апсењето на пратениците за 27 април

За Спасовски немаат значење забелешките на Стејт департментот за апсењето на пратениците за 27 април

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски своето прво прашање го искористи за да постави прашање до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој праша за прекршувањето на правото на имунитет при апсење на пратениците споменувајќи ги извештаите на Народниот правобранител и Стејт департментот.

– Извештајот за човековите права за 2017 година во Република Македонија бележи дека Народниот правобранител констатира прекршување на правото на пратеничкиот имунитет и презумцијата на невиност при апсењето за настаните од 27 април од страна на полицијата. Во извештајот исто така се наведува и непочитување на неговите забелешки препорака од страна на МВР и министерот Спасовски дека треба да се отвори истрага за однесувањето на инволвираните во полициската акција, вели пратеникот.

Мицевски како дополнување на извештајот на Народниот правобранител ги посочи и забелешките на Стејт департментот по однос на постапувањето на МВР при апсењето на пратениците.

Стејт департментот открива дека и покрај ваквите забелешки на народниот правобранител „Министерот Оливер Спасовски изјавил дека полицијата при приведувањето на пратениците постапила законски по налог даден од судот“.

-Моето прашање е кој ќе преземе одговорност г-дине министер дали Вие или повторно ќе се формира комисија која ќе констатира дека при приведувањето на пратениците се постапувало законски, Мицевски прашувајќи го Спасовски.

Министерот Спасовски наместо да даде одговор по забелешките на две сериозни институции како што е Стејт департментот и народниот правобранител тој објаснуваше за имунитетот во својот одговор на прашањето поставено од Мицевски. Во одговорот тој наведе дека при приведувањето се води посебна сметка за малолетни лица, инвалидни лица и видно бремени жени, додаде и дека такви лица немало, заобиколувајќи да даде одговор на поставеното прашање. Спасовски ја релативизираше работата на народниот правобранител и кажува дека е постапено законски, не земајќи ги во предвид забелешките кои се потврдени и од Стејт Департментот.

Пратеникот Мицевски по втор пат од говорница го посочи извештајот на Стејт департментот каде што е констатирано прекршување на правата на пратенички имунитет, како од страна на судовите така и од страна на полицијата како и од пратениците кои што го одземаа имунитетот на 6-те пратениците.

Коронавирус