вторник, 13. ноември 2018. Вести денес: 112
home Вести

За Софија, Заев вчера потврдил дека во Македонија живеат и Бугари

За Софија, Заев вчера потврдил дека во Македонија живеат и Бугари

За македонската Влада историски говор на Зоран Заев пред европратениците, за соседите признание дека во земјава  живеат Бугари. Европратеникот Ангел Џамбаски веќе ликува дека говорот за кој Заев вчера се пофали дека бил единствениот премиер кој се обратил на мајчин јазик значи и признание дека во Македонија живеат  бугарски граѓани, а тоа ја пишувало историјата, јавува Алфа телевизија.

-За првпат премиерот на Република Македонија признава дека и Бугари живеат во неговата земја. Зоран Заев, премиер на Република Македонија, пред Европскиот парламент. Сега. Тој пишува историја. Браво!, пишува Џамбаски.

Клучен момент за иднината, редење на дипломатски успеси,  ама пред полупразна сала. И додека Заев вчера се пофали дека бил првиот што говорел на македонски јазик што според него значел голем чекор напред во интеграцијата. Ги уверуваше европратениците дека Македонија прави сѐ за да ги постигне стандардите на европската унија. Референдумот, пак, го оцени како реферндум за иднината.

Само неколку дена претходно неговиот грчки колега Ципрас од истата говорница, му ја прати клучната порака – без разлика што ќе си го смените името вие ќе бидете словенска земја и јазикот е словенски, а не македонски.

Во целиот говор премиерот Заев само еднаш ја спомена Република Македонија. Останува отворено прашањето зошто македонскиот премиер избегнува да го користи уставното име на Македонија, иако Договорот се уште не е имплементиран ниту пак се случени уставните измени.