вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 154
home Вести

За случајот „магариња“ и „фризерница“ можно е Брисел да ги замрзне фондовите

За случајот „магариња“ и „фризерница“ можно е Брисел да ги замрзне фондовите

По примерот со смрзнувањето на европските фондови во Бугарија во 2008 година и одземањето на правото на две агенции да управуваат со фондовите на ЕУ, дали истата судбина не очекува по скандалозната распределба на проекти од страна на директорката на Националната агенција за европски програми и мобилност.

„Корупцијата е нечесно и измамничко однесување на власта“, ќе рече Димова во 2016 година, повикувајќи гласно и јавно на оставки од функционерите на тогашната власт, иако таа сега вели дека оставка нема да даде.

Димова за време на „Шарената револуција“ повикуваше и се бунтуваше за како што вели „расипничкото однесување на тогашната власт поврзано со криминал“, што може да се забележи на видеата од протестите на шарените, сега Димова по скандалозните сознанија кои излегоа во јавноста за одобрување на стотици илјади евра од европските фондови за обуки за магариња и за фризерница, сеуште одбива да да си поднесе одговорност по долгата прес конференција дури дрско се расправаше со новинарите.

Од Европската комисија соопштија дека „сите наводи за злоупотреба се разгледуваат и онаму каде што станува збор за ЕУ фондови, секое нерегуларно трошење ќе биде идентификувано и ќе се врати назад.“

Ако е јасно дека ова не е прв случај на злоупотреба на фондовите на ЕУ што е навистина загрижувачки да се трошат на расипнички начин парите на граѓаните на Европската унија, особено за земја која допрва треба да ги исполни критериумите за членство.

Во 2008 година Европската комисија ги суспендираше фондовите кон Бугарија поради сомнежи за организиран криминал и корупција , но исто така го повлече правото на две бугарски агенции да управуваат со фондовите на ЕУ.

Ако во случајот се утврди злоупотреба на средствата на Националната агенција тој ќе биде испратен до ОЛАФ Eвропското тело за борба против измами и ќе се одлучи дали тие ќе бидат суспендирани, замрзнати како и одземање на правото да можат да рангират проекти за кои се распределуваат европски пари.

Коронавирус