понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 152
home Вести

За седум дена 84 починати лица од коронавирус, зголемување на смртните случаи за 71,4%

За седум дена 84 починати лица од коронавирус, зголемување на смртните случаи за 71,4%

Зголемување на смртните случаи од 71,4 проценти во земјава во однос на минатата недела, бележи најновиот неделен извештај на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје.

Според новиот извештај кој се однесува за периодот од 19 до 25 октомври, во Македонија како последица од коронавирус починале 84 лица од 24 градови.

-Во однос на возраста, 70 лица биле над 60 години, 13 лица на возраст од 50-59 години, 3 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и 20 во возрасната група од 30-39 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 45 или 53,6%, се наведува во Извештајот.

Најнови вести

Коронавирус