недела, 9. август 2020. Вести денес: 49
home Вести

За Рашковски не важат препораки и закони: Соработникот на Заев на шопинг без маска, но за него нема казна

За Рашковски не важат препораки и закони: Соработникот на Заев на шопинг без маска, но за него нема казна

Полицијата открила и казни 113 лица кои не носле заштитна маски. Меѓу нив не е блискиот соработник на Зоран Заев, Драги Рашковски.

Генералниот секретар на Владата не ги почитува владините мерки, па мисли дека законите за него не важат.

Така тој, за време на епидемија од коронавирус и вонредна состојба, си шета како ништо да не се случува.

Рашковски не носи маска додека сите граѓани тоа мора да го прават колку и да им е тешко дишењето во нив и да имаат проблем истите да ги набават.

Рашковски вчера попладне е фотографиран без маска како комотно се шета во една скопска продавница, тој не носи ниту марама, ниту пак било каква друга заштитна прекривка на устата и носот.

Со ваквото однесување Рашковски не само што го загрозува своето, туку и здравјето на другите граѓани, а во ризик ја става и цела Владата и функционирањето на државата имајќи во предвид каде се наоѓа неговото работно место. Се поставува прашањето дали тој ќе одговара за непочитување на владините мерки, или тие важат „само за обичните смртници“.

Додека за Рашковски нема казна, власта најде начин да го казни кумановскиот градоначалник, кој неретко го креваше гласот против лошите владини одлуки за време на епидемијата од коронавирусот.

Коронавирус