понеделник, 29. ноември 2021. Вести денес: 39
home Вести

За раководител од „Македонија пат“ возачите се виновни што патиштата се затрупани со снег (ВИДЕО)

За раководител од „Македонија пат“ возачите се виновни што патиштата се затрупани со снег (ВИДЕО)

„Македонија Пат“ наместо да превземе одговорност за катастрофалната состојба во која се најдоа патиштата во текот на вчерашниот ден, кога речиси сите патни правци низ државата, без исклучок, беа под метарска обвивка од снег која предизвика низа на сообраќајни нecpeќи, излетани автомобили и отсечени населени места, ги oбвини возачите.

Колку и да звучи неверојатно, винaтa за блокираните патни правци низ Македонија поради врнежите од снег, раководителот во „Македонија пат“ ја најде кај возачите.

-Сообраќајот го чинат три чинители, а се анализира само состојбата на патот. Забелешката наша е што треба да се направи анализа и на постојните возила кои се наоѓаат на патот и возачите на истите. Од долгогодишното искуство имаме сознанија и чести појави на управување на моторни возила под дејство на aлxoxoл, управување без возачка дозвола, нeпoчитувaњe на сообраќајните правила и поставената сообраќајна сигнализација, а во делот на состојбата на возилата посебно тешкиот товарен сообраќај сведоци сме на непоседување на соодветни пневматици, рече раководителот на подружница Автопат, Македонија пат, Борче Сарџовски за Сител.

Коронавирус