понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 134
home Вести

За работниците ќе важат старите дозволи за движење до работа

За работниците ќе важат старите дозволи за движење до работа

Компаниите повеќе нема да треба да издаваат нови дозволи за движење на работниците до работните места со секоја промена на режимот на движење и периодот на траење на полицискиот час, туку ќе важат веќе издадените дозволи.

Македонската влада донесе одлука со која се продолжува важноста на веќе издадените дозволи за движење за време на полициски час на работниците поради вршење на сменска и ноќна работа. Со последната одлука работодавачите немаат повеќе обврска да го менуваат датумот и временскиот период во образецот заради нивно усогласување со одлуката за изменување на одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на државата.

Овие дозволи ги издава работодавачот на пропишан образец од страна на Владата. Во дозволата се наведуваат основните податоци за работникот, адресата на живеење, но и работното место и називот на компанијата во која работи.

Притоа, се наведува и смената во која е ангажиран работникот. Дозволата е потврда за движењето на работникот во услови на полициски час и истата се приложува на увид до органите на државата во случај на контрола.

Овие издадени дозволи од страна на работодавачот не треба да бидат заверени и потврдени од страна на Министерството за внатрешни работи или надлежното ОВР, соопшти Владата.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија