недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 91
home Вести

За предметите на СЈО кои незаконски беа префлени во ЈО, Дескоска вели дека не е сигурна дали Јанева сама ги пишувала писмата

За предметите на СЈО кои незаконски беа префлени во ЈО, Дескоска вели дека не е сигурна дали Јанева сама ги пишувала писмата

Во вечерашната емисија „Само Вистина„ министерката за правда, Рената Дескоска фрли сомнеж за тоа дали Катица Јанева самата ги пишувала писмата со кои се префли надлежноста на предметите на СЈО на Јавното обвинителство.

Имено Јанева на 04.09.2019 испрати писмо со кое нареди сите докази и бомби да му бидат предадени на јавното обвинителство односно кај Љубомир Јовевски, што тогаш ЈО го прифати писмото како официјална наредба и постапи по истото.

Јавноста тогаш шпекулираше дека писмата можеби и не се напишани од Јанева при што тогаш нејзината адвокатка Ирена Фрчковска кажа дека Јанева е во тешка физичка и психичка состојба.

– Катица Јанева си контактирала со нејзините адвокати, а колку што знам постапката на префрлањето на писма одело преку судија којшто е надлежен значи вие не можете како адвокат да прошверцувате писма од обвинет човек, него тоа писмо мора оди преку надлежен суд така што моите информации се дека таа постапка си е изведена, а кој како си ја организирал, јас не сум видела дали таа си ги пишувала тие писма или не, кажа Дескоска во своето гостување.