петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

За празниците дежурни лекари во сите скопски поликлиники

За празниците дежурни лекари во сите скопски поликлиники

Службите на Здравствен дом на Скопје во тек на престојните празнични денови ќе обезбедуваат 24-часовна здравствена заштита преку дежурните ноќни пунктови во Поликлиниката Идадија,Ченто, Чаир, Ѓорче Петров, Бит пазар, Јане Сандански, Шуто Оризари , Драчево и Букурешт.

Од Здравствен дом на Скопје посочуваат дека саботното дежурство на 27 април на сите специјалистички служби ќе се реализира во поликлиниката Букурешт од 8 до 16 часот и 24 часовна покриеност од Службата за Итна медицинска помош со домашно лекување.

– Им препорачуваме на граѓаните поради изминатиот период на постење да внимааат со внесување на храна од животинско потекло и консумација на алкохол поради здравствени и безбедносни причини, стои во соопштението на ЈЗУ Здравствен дом на Скопје-Скопје.

Коронавирус