петок, 23. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

За празничниот викенд 19 сообраќајки во Скопје, две лица потешко повредени

За празничниот викенд 19 сообраќајки во Скопје, две лица потешко повредени

Две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а осум се полесно повредени во осум од вкупно 19 сообраќајки регистрирани во изминатите четири дена на подрачјето на СВР Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во тек на празничкиот продолжен викенд се санкционирани 50 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената со пропишаните сообраќајни знаци.

Исклучени се од сообраќај 37 возачи кои по разни основи ги прекршиле законите, кои возеле под дејство на алкохол, управувале возило пред да се стекнат со право за возење, возачи почетници, како и 34 возила, со истечена дозвола, технички неисправни возила, нерегистрирани…

Коронавирус