понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 122
home Вести

За политичкото судство на СДСМ не важат закони

За политичкото судство на СДСМ не важат закони

Судството во Македонија се повеќе потпаѓа под притисок на власта и СЈО кое води оркестрирани истраги против поранешниот врв на ВМРО-ДПМНЕ. Кога се работи за СЈО законите и процедурите ниту важат, ниту се применуваат, анализира порталот Денешен.мк.

-Судијата Огнен Ставрев ги излажа и обвинетите и одбраната и јавноста. На претходното и воедно прво рочиште по предметот ТНТ одржано на 24-ти јануари годинава, овој судија 5 пати пред очите на целата јавност, новинари, набљудувачи, сведоци, адвокати и обвинети јавно кажа дека ќе нареди СЈО на одбраната да и ги достави доказите-аудио снимки, пишува порталот.

Меѓу набљудувачите беше и преставник на американската амбасада.

-СЈО досега не го правеше ова со образложение дека ако одбраната ги добие доказите ќе може да ги изманипулира и компромитира, со што јавно призна дека основан е сомнежот за можни манипулации со снимките, бидејки ако може одбраната, истото може да го направи и обвинителството или оној кој им ги дал. Затоа СЈО предлагаше обвинетите да одат во просториите на СЈО и таму да ги преслушуваат креираните материјали. На ова одбраната се противеше бидејки овие снимки не се прибавени со посебни истражни мерки (ПИМ) и мора да им се достават согласно закон, пишува Денешен.

Судијата Огнен Ставрев на 24-ти јануари ги повика адвокатите да дојдат денес на 02.02.2018-та за да ги подигнат доказите (аудио снимки).

-На нивно изненадување и покрај даденото јавно ветување, судијата Огнен Ставрев не се појави. Тој оставил порака кај дактилографката одбраната да се подготви да доаѓа на слушање, наместо да ги добие доказите како што јавно вети судијата пред цела јавност. Ова само уште еднаш покажува дека има директна спрега помеѓу судиите и обвинителството, односно дека судиите безпоговорно ги следат барањата и желбите на обвинителите од СЈО во случаи кога од нив се бараат незаконски работи. Огнен Ставрев по цена на својот интегритет одлучи да ,,ја свитка кичмата“ пред СЈО, и да постапи спротивно на закон, пишува порталот.

Со ова меѓу другото се нарушува и принципот на еднаквост на оружјата еден од основните елементи потребни за водење на правична постапка.

-Очигледнно во ова време на дивеење на СДСМ, Ставрев и сличните на него кои ги кршат законите и ги заобиколуваат постапките се чувствуваат заштитени и безбедни во однос на незаконското постапување, но еден ден кога СДСМ ќе замине од власт, за секое незаконско работење можат да сносат одговорност. Исто како што постапија и сите други нови судии одбрани по партиски клуч.Така и на денешното рочиште судијата Душан Јосифов ги одби сите барања и предлози на одбранста со кои СЈО не се согласува, независно што се законски. Единствено нешто што новите судии им прифаќаат на адвокатите е барањето за една кратка пауза од 10-15 минути во текот на неколку часовното судење. Покрај тоа што судијата Огнен Ставрев не ги даде доказите за кои даде јавно ветување, одби да го даде и записникот од рочиштето од 24-ти јануари, кое законски мора да го даде во рок од 72 часа односно три дена. Се претпоставува дека не го дава записникот затоа што од таму ќе се види како јавно ветува дека ќе даде наредба на СЈО да им ги врачи доказите на обвинетите, оценува порталот.

Помеѓу 24-ти јануари и 02-ри февруари 2018-та законот не се смени, но мислењето на судијата Ставрев се смени за 180 степени под притисок и инструкција од СЈО.

Локални избори 2021