недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

За полицискиот час владата го прифати ставот на Чулев

За полицискиот час владата го прифати ставот на Чулев

За време на продолжениот викенд што следи Владата денес одлучи полицискиот час за време на викендот да важи секој ден од 14 часот. Со ова според информациите натежнал ставот на Чулев кој сметаше дека граѓаните се дисциплинирани и заслужваат пофлексибилен полициски час, за сметка на ставот на Филипче кој сметаше дека полицискиот час треба да започне од четврток од 19 часот и да трае до понеделник до 5 часот.

Неофицијално во владата постои сериозно незадоволство што при носењето на финалната одлука Премиерот Оливер Спасовски, но и поголемиот дел од министрите во владата го прифатиле гледиштетот на Чулев.

Инаку Чулев во својата вчерашна објави на социјалните мрежи напиша дека граѓаните се совесни и размуми и свесни за ризикот од заразата со Covid19. Додека Министерот Филипче својот став го изнесе на прес конференција, при што нагласи дека ќе инсистира на донесување поригоризни мерки.

Најнови вести

Коронавирус