среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

За плата од 600 евра, ќерката на Невзат Бејта минатата недела се вработила во МЕПСО

За плата од 600 евра, ќерката на Невзат Бејта минатата недела се вработила во МЕПСО

Ќерката на поранешнот градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта, е вработена во државната компанија МЕПСО, каде што добива плата од 36.500 денари, потврдиле оттаму за Фокус. Информацијата вчера на својот фејсбук профил ја објавил новинарот Зоран Божиновски, кој напишал дека Фиторе потпишала договор минатата недела.

Од петокот во МЕПСО како нов референт за јавни набавки е вработена Фиторе Бејта Акику, ќерка на Невзат Бејта, напишал тој.

Од МЕПСО велат дека Фиторе била избрана на огласот за вработување како најдобар кандидат. Од таму додаваат дека договорот за вработување бил склучен во четвртокот.