понеделник, 26. јули 2021. Вести денес: 176
home Вести

За Павле Богоевски има поважни работи од недоаѓањето на работа на вицепремиерот Хазби Лика

За Павле Богоевски има поважни работи од недоаѓањето на работа на вицепремиерот Хазби Лика

Пратеникот од редовите на СДСМ, Павле Богоевски, во вечерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ истакна дека владата нема време да се „занимава“ со недоаѓањето на работа на Хазби Лика кој е заменик претседател на владата на Република Македонија задолжен за спроведување на Рамковниот договор.

-Државата има многу поголеми проблеми од тоа дали Хазби Лика отсуствува од работа, вели Богоевски.

Во јавноста е познато дека заменик претседателот, Хазби Лика, редовно зема плата, но не доаѓа на работа, а причините за ваквото однесување се непознати на граѓаните.

Според Богоевски, владата не може да постигне да се занимава со тоа бидејќи има други поважни обврски.

Со ваквите изјави логично е да се постави прашањето кои се точно тие обврски, ако се земе во предвид дека актуелната влада на СДСМ и Зоран Заев немаат реализирано ниту половина од нивната изборна програма, а наместо тоа го променија уставното име на Република Македонија, нешто што не ветија за време на изборната кампања на предвремените парламентарни избори во 2016 година.

На јавноста и е познато дека додека вицепремиерот Лика кога одел на работа редовно ги посетувал и кафеаните каде што потрошил 253.163 денари или околу 4 илјади евра. Тука влегуваат 130.713 денари за угостителски услуги во рамките на институциите, а 104.450 денари се ресторани надвор од институциите. Во странство потрошил само 5.227 денари.

Овие податоци се од заклучно мај месец минатата година. Заклучно со мај и вицепремиерот Лика престанал да се појавува на седниците на Владата. Нема податоци дали вицепремиерот, покрај платата што ја зема, иако не се појавува на седници, уште користи и одобрени средства од буџетот за репрезентација и патувања.

Но, ова не е единствен пример каде што владата на СДСМ ги крши законите во Република Македонија. Деновиве се поактуелни се и вработувањата на ќерките, синовите, блиските роднини на  пратениците од СДСМ, како и на високи функционери во владата на СДСМ и Заев.

Дел од медиумите пишуваа дека Лика не оди на работа затоа што му е лут на Али Ахмети.

Најнови вести

Коронавирус