петок, 23. јули 2021. Вести денес: 37
home Вести

За овие граѓани нема да важи продолжената важност на пасошот, тие мора да го променат документот

За овие граѓани нема да важи продолжената важност на пасошот, тие мора да го променат документот

Министерството за внатрешни работи денеска објави дека патните исправи на граѓани чиј рок на важење е истечен по 31 јули 2020 година, истите ќе може да ги користат до 31 декември оваа година, откако МВР го продолжи нивниот рок.

Сепак, да нема забуни ваквата одлука не важи за оние граѓани кои во меѓувреме имаат промена на личните податоци, појаснуваат од МВР за Курир.

На пример, по склучување на брак граѓаните се должни да ги променат сите лични документи во законски предвидениот рок од 30 дена. Новата одлука на МВР не ги ослободува граѓаните со променети податоци и за нив не важи продолжениот рок на важност.

За потсетување, МВР денеска соопшти дека измената на Законот за патни исправи е направена со цел да им се излезе во пресрет на потребите на голем број наши граѓаните кои поради пандемијата, рестриктивните мерки, карантините и другите отежнати услови, во нашава земја, но и надвор од неа, во дијаспората, беа спречени навремено да ги продолжат своите документи.

Коронавирус