сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 35
Во живо

ВО ЖИВО: ПРОТЕСТ ЗА ПОЛИКЛИНИКА ВО БУТЕЛ!

home Вести

За објавени статистички податоци, функционер од власта на вработен му се заканува со отказ

За објавени статистички податоци, функционер од власта на вработен му се заканува со отказ

ЗА ОБЈАВЕНИ СТАТИСТИЧКИ ПОДАТОЦИ ФУНКЦИОНЕР ОД ВЛАДАТА ПРЕДВОДЕНА ОД СТРАНА НА СДСМ МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ВРАБОТЕН СО ОТКАЗ!

Комисијата за труд, социјалната политика, демографија и родови прашања го осудува чинот на закани од страна на одговорните лица на институциите врз вработените, земајќи во предвид дека треба да се почитуваат работничките права, слободата на изразувањето и говорот.

Имено сметаме дека секоја закана од страна на претпоставениот кон вработениот преставува мобинг и истиот не е алатка за укор која би требало да се примени. Ваквото постапување од страна на претпоставените кон вработените е само отсјај на начинот на владеење на актуелната владејачка политичка гарнитура предводена од страна на СДСМ.

ВМРО ДПМНЕ како политичка партија секогаш ќе биде на страна на вработените и ќе продолжи да ги штити нивните права. Слободата на говорот и изразувањето е неприкосновено човеково право кое никој нема право да го забрани и попречува. Во самиот текст е наведено дека во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ истата личност критикувал директори и нивното работење, па ниту еднаш не добил закана за отказ од работното место, што уште еднаш се потврдува почитување на правата на работниците, како и уставно загарантираните слободи и права на говор и слободно изразување од страна на нашата партија.

Комисијата за труд, социјалната политика, демографија и родови прашања.

Фејсбук статус на комисијата за труд и социјална политика на ВМРО-ДПМНЕ

Коронавирус