среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 111
home Вести

За неколку месеци скандали од меѓународни размери, вмешани МВР, началници, дипломати…

За неколку месеци скандали од меѓународни размери, вмешани МВР, началници, дипломати…

Македонија само во рок од неколку месеци ја тресат скандали од меѓународни размери.

Последниот во низата е скандалот со македонските полициски службеници кои се фатени со дрога во Црна Гора. Имено десетици килограми дрога, вредна околу 100.000 евра е откриена во возило од Секторот за борба со организиран криминал во МВР при обид да влезе на територија на Црна Гора.

Пронајдената марихуана била скриена под седиштата на возилото на МВР. Ова е втор сериозен скандал во рок од еден месец, кога високи македонски чиновници имаат проблем со правдата во други земји.

Во август оваа година, Србија извести дека го уапсила дипломатот Миле Миленкоски, кој со логистика од Македонија шверцувал обвинети од Ереван до Виена. Дипломатот иако бил баран со потерници од ИНТЕРПОЛ, МНР го испраќало на мисии.

МВР освен скандалот со дрогата во полициско возило, го тресат и слични други скандали.

Во акција на Американската агенција за борба против наркотици – ДЕА, во април оваа година запленета е марихуана во вредност од 800.000 еура, а притоа уапсени се и началникот на полицијата од Прилеп, Кире Чипсио и Александар, возачот на Трајче Заев, братучедот на Зоран Заев, кои биле претходница на комбето во кое се пренесувала дрогата.

Претходно обвинителката Русковска се сомневаше дека поради крт во полицијата пропадна големата акција “Планина“, која таргетираше нарко кланови од скопските населби Грчец и Гази Баба.

Најголемиот скандал во МВР, со најголеми меѓународни последици беше аферата „Мафија“. Оваа афера ја обелодени лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, и таа се однесуваше на 214 официјални пасоши издадени од страна на МВР со украден идентитет.

Вакви пасоши добивале членови на европски мафии, нарко картели, убијци, терористи и други лица барани со меѓународни потерници. За оваа афера одговараа неколку чиновници во МВР кои добија условни казни една тригодишна казна.

Локални избори 2021