петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 85
home Вести

За неколку часа: 8000 македонски граѓани се пријавиле за да примат вакцина против коронавирус

За неколку часа: 8000 македонски граѓани се пријавиле за да примат вакцина против коронавирус

За само неколку часа има повеќе од 8000 регистрирани граѓани на веб-страницата www.vakcinacija.mk која денеска е пуштена во употреба, соопшти вечерва министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук-профил.

Со пополнување на апликацијата достапна на оваа веб-страница, граѓаните искажуваат интерес за вакцинација против КОВИД-19. Сите апликации ќе бидат внесени во системот „Мој Термин“ и нема потреба граѓаните дополнително да го ажурираат податокот или да го бараат и информираат својот матичен лекар за регистрирањето.

-Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, матичниот лекар ќе ве повика и ќе ве информира за точниот датум и час кога треба да се вакцинирате на пунктот кој ќе го изберете при регистрацијата. Во прва фаза ќе се вакцинираат здравствените работници и граѓаните над 70 години. Сите останати кои се регистрирале ќе бидат контактирани во матичниот тогаш кога нивната група ќе биде на ред за вакцинирање согласно националната стратегија, соопшти претходно Министерството за здравство.

Министерството посочи дека вакцинирањето е доброволно и се спроведува согласно стратегијата за вакцинација во нашата земја и порача дека вакцината е единствениот начин за да го победиме коронавирусот. (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија