сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 69
home Вести

За некого ова е одлична шанса: Дизниленд бара работници и од Македонија

За некого ова е одлична шанса: Дизниленд бара работници и од Македонија

Пријавете се за едногодишен престој и работа во Дизниленд.

Дизниленд во Флорида распиша конкурс за работници, а воедно и станари во својот комплекс што изгледа исто како во бајките.

Од вработените ќе се бара автентично да го претстават регионот и земјата од која потекнуваат.

-Бараме дружељубиви и гостопримливи луѓе коишто на уникатен начин ќе успеат да ја претстават културата, традицијата и историјата на својата земја – стои во огласот.

Кандидатите кои што ќе ја добијат работата ќе работат во подготовка на храна, продажба на освежителни пијалоци, продажба на сувенири и едукација на посетителите на комплексот.

Среќниците кои ќе бидат примени на работа ќе имаат шанса да живеат во Дизниленд на една година и да заработуваат по 10 долари секој час, со 32 работни часови во текот на неделата што значи околу 1.100 евра + бакшиш секој месец ќе бидат префрлени на нивните сметки.

Комплексот изгледа како студентски дом, а во него имате право на фитнес центар и пристап до компјутер.

За сите кои се заинтересирани, понудата важи до 1 август што значи дека преостануваат уште малку за пријавување.

Коронавирус