сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

За некого мајка, за некого маќеа: Граѓаните прашуваат зошто за нивните трагедии важат законите, а за пратениците ниту еден закон! (ФОТО)

За некого мајка, за некого маќеа: Граѓаните прашуваат зошто за нивните трагедии важат законите, а за пратениците ниту еден закон! (ФОТО)

Граѓаните се повеќе се гневни на денешниот скандал кој го предизвикаа двајцата пратеници на власта кои дојдоа иако позитивни на коронавирусот во собранието да гласаат за новите закони како и да може да се формира мнозинство на и така климавата власт на СДСМ.

Светлана Јовановска преку коментар на Фејсбук прашува зошто нејзиниот брат не можеле да го видат, а не починал од коронавирус, а пратениците слободно си се шетаат во собранието.

-Ако позитивен со скафандер смее да се излезе од дома, прашање директно до владата… Зошто мојот брат починат по компликации од ковид, до моментов на починување 7 дена негативен, зошто еве барем во скафандери на најблиските од семејството негово (сопругата, синовите, мене сестра му) не ни дозволивте да го испратиме по нашите христијански обичаи и најважно од се…не дозволивте да го идентификуваме дали е тој… ЗОШТО??? На погребот попот и гробарите ни запретија со полиција дека нема да ни дозволат ни да присуствуваме на погребот… значи некој и позитивен може да излезе од дома, а некој и негативен ќе замине од овој свет, ќе го закопаме а не знаеме дали е тој во црната вреќа и дали е цел во црната вреќа???, стои во нејзиниот коментар на социјалната мрежа Фејсбук.

Коронавирус