петок, 30. јули 2021. Вести денес: 111
home Вести

За насоката медицинска сестра во три училишта денеска ќе има квалификациско тестирање

За насоката медицинска сестра во три училишта денеска ќе има квалификациско тестирање

Во три средни училишта со здравстевна струка денеска од 10 часот ќе биде организирано квалификациско тестирање за ученици-полуматуранти кои конкурирале за насока медицинска сестра. Тестирањето ќе биде по предметите билогија и хемија, а од резултатите ќе зависи кои ученици ќе бидат примени во прва година во 2020/2021 зашто има повеќе кандидати со максимални (75) бодови отколку што се предвидени слободни места во Конкурсот на МОН.

Се работи за СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ во Скопје за медицинска сестра на настава на албански јазик, каде што се предвидени 102 ученика во три паралелки, а со ист број бодови се пријавени 166 ученици.

Во СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица, здравствена струка – медицинска сестра на македонски наставен јазик, слободни се 34 места односно една паралелка, а со исти бодови се пријавени 39 ученици, како и во СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп, здравствена струка – медицинска сестра на македонски наставен јазик, за 34 места односно една паралелка конкурирале 44 ученици со максинални (75) бодови.

Проверката на знаењето по наставните предмети биологија и хемија ќе биде на јазикот на кој тие  ја следеле наставата во основното училиште. Тестовите ги изработува Бирото за развој на образованието, а комисијата за организирање на квалификациското тестирање е формирана од членови на МОН, БРО и наставници од самите училишта.

Според првичните податоци од МОН во петокот, квалификациско тебаше да се спроведе и во скопската гимназија „Орце Николов“ за билингвалните паралелки на англиски јазик. Но во петокот вечерта им е одобрено да имаат уште една, четврта билингвална англиска паралелка поради големиот интерес.

-Тоа не е плус паралелка, туку една од постоечките обични паралелки ја претворивме во билингвална поради големиот интерес од учениците за билингвалните паралелки, изјави за МИА Митко Димовски, директор на гимназијата „Орце Николов“. Рече дека по консултации со МОН подоцна во петокот добиле известување дека ќе им се одбри уште една паралелка односно за примање вкупно 301 ученик.

Училиштето и на својата веб-страница и на влезот објави дека „по одлуката на МОН за одобрување 4-та билингвална англиска паралелка, а во насока за зачувување на заедничката безбедност и здравје, следејќи ги препораките на Владата и на СЗО, квалификациското тестирање за билингвална англиска паралелка нема да се одржи“.

– Со таа дозвола немаме потреба од тестирање. Сега ќе имаме фактички четири билингвални, со тоа што  едната обична ќе стане билингвална. Со Конкурсот имавме три билингвални англиски и една билингвална француски. Сега се четири билингвални англиски и една француска, додаде Димовски.

Средните училишта во петокот попладне ги објавија ранг-листите со запишани ученици од првото пријавување во јунскиот рок кое беше спроведено на 16, 17 и 18 јуни. Според роковите од Конкурсот, второто пријавување и запишување е на 24 и 25 јуни, а третото пријавување ќе биде на 29 јуни. 

Коронавирус