сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 58
home Вести

За Лукаревска најдоброто за Македонија се градоначалници како Велковски од Лозово

За Лукаревска најдоброто за Македонија се градоначалници како Велковски од Лозово

Дали е точно дека во УЈП се менуваат внатрешните акти и се менува потребното образование со цел да се сменат вработените од работните места? Дали предност им се дава на други критериуми кои не се поврзани со професионалноста, портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева ја запраша Сања Лукаревска во емисијата „Жешко политичко лето“.

Сања Лукаревска на ова прашање одговори дека таа ја има честа да е од ретките директори кои што доаѓаат од институцијата во кој што го имале целиот свој професионален ангажман. Да се направи одредена промена во систематизација или во актите на организацијата на УЈП секако е се со цел да се подобрат квалитетите и посочи дека ова прашање на портпаролката е едно од низата на партиски обвинувања.

„Колку луѓе останаа без работа минатава година и колку луѓе во Република Македонија земаат плата под 20.000 денари“, постави прашање Митева на Лукаревска.

Лукаревска на ова прашање посочи дека како даночен орган се грижи за успешно спроведување на системски декларации кои што ги поднесуваат работодавачите. Тие декларации од месец за месец секако таму состојбата се менува. За да се има конкретен податок во сиот изминат период со сите шест пакети на Владата се зачувуваа работните места. На почетокот имаше најголем интерес за исплатата на финансиската поддршка за плати април, мај, јуни и понатаму огромен број на работни места се заштитени. Меѓутоа дел од компаниите одлучиле да им дадат отказ на своите вработени.

„Точна бројка на изгубени работни места секако дека за тоа е надлежна Агенцијата за вработување“, нагласи Лукаревска.

Третото прашање на портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ , Марија Митева за Лукаревска гласеше дали таа како заменик претседател на СДСМ но пред се како жена како гласаше за одлуката за Ацо Велковски од Лозово кој вршеше мобинг врз бремена жена да биде кандидат градоначалник.

„Во делот на гласање во Извршен Одбор ние немаме таму гласање туку преку една дискусија разговараме за сите поединости поконкретно за кандидати за градоначалници. Се гласа на општинската конференција конкретно во овој случај во Лозово. Јас сум многу свесна дека граѓаните пред се жените имаат огромна резерва спрема овој градоначалник, јас имам соодветно мислење за него меѓутоа во внатрепартиската борба за изборот за најдоброто за секоја општина секако е многу битно да се чуе гласот на внатрепартиското членство, да се слушне гласот и на оние анкети кои што ги прават сите политички партии“, одговори Лукаревска.

Лукаревска посочи дека Велковски ја имаше најголемата популарност.

Коронавирус