сабота, 10. април 2021. Вести денес: 72
home Вести

„За каква контрола на ситуацијата зборува Филипче кога освен несигурната најава од 3000 дози руска вакцина, која во декември ја одби, нема датум за ниту една друга набавка“

„За каква контрола на ситуацијата зборува Филипче кога освен несигурната најава од 3000 дози руска вакцина, која во декември ја одби, нема датум за ниту една друга набавка“

Ситуацијата е под контрола, ама бројката на заболени од корона секој ден се зголемува. Ситуацијата е под контрола, ама ќе ја ставиме во функција Модуларната болница. За каква контрола говори Филипче на своите гостување по телевизии додека секој ден умираат граѓани од корона, а нема ни една вакцина. Или на контото ја има само вакцината донирана од Србија, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Руската вакцина која ја најавува за до крај на неделава или за во недела некако е несигурен. Уште поважно, зошто истата таа вакцина ја одби во декември? Дали доколку ја прифатеше понудата и почнеше да преговара на време, оние кои се пријавиле за вакцинирање или дел од нив ќе беа вакцинирани? Истите колчичини кои ги најавуваше за јануари, за февруари, сега ги најавува за месецов, за март, но датум за ниту една вакцина нема, освен извесност за 3000 дози од руската кои треба да стигнат сега во недела. Додека се грижи Филипче за личните и партиските интереси, луѓе умираат, бројката на заболени се зголемува. Одговорност не може да избегне, се подвлекува во партиската реакција.

Коронавирус