недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 103
home Вести

„За каков економски раст зборува СДСМ кога за време на нивното владеење се затворија 28.000 фирми, а средствата од Фондот за иновации се делат на луѓе блиски до власта?“

„За каков економски раст зборува СДСМ кога за време на нивното владеење се затворија 28.000 фирми, а средствата од Фондот за иновации се делат на луѓе блиски до власта?“

Дали лажната розова слика може да ја сокрие вистината за економијата?, прашуваат од комисијата за труд и социјална политика, демографија и родови прашања на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ предводена од Зоран Заев се пофали дека во изминативе 3 години поддржала 800 компании со 70 милиони евра преку Планот за економски раст, дека пораснала просечната плата и стапката на невработеност се намалува.

• За каков економски раст се зборува? Знае ли СДСМ дека во 2020 година 6200 компании ставиле клуч на врата, а над 28000 компании се затворени во нивното четиригодишно владеење.

• 42 милиони од тие 70 со кои се фалат се средства кои се доделуваат преку Фондот за иновации и технолошки развој, тој ист Фонд “со одличен имиџ”, кој делеше пари за проекти на компании каде најчесто беа илворвирани луѓе блиски до власта и на раководни позиции како: Никола Мемов, Јован Деспотовски, Кочо Анѓушев, Цветанка Ласкова, Хари Локвенеци тоа за многу интересни “иновации”.

• Просечната плата порасна како резултат на вработувањата на партиски кадри, за кои секојдневно се распишуваат огласи за вработување со примамливи плати на товар на сите граѓани во јавниот сектор, или можеби поради ѓубењето на работни места на работници кои земаат минимална плата, а се најмногубројни и беа најмногу погодени од Ковид пандемијата и први ја изгубија работата.

Од Вашето „Блескање“ граѓаните добија европски цени на производите за потрошувачка, а македонски плати. Затоа на наредните избори Вие ќе бидете казнети.

Народот ќе избере партија која нуди вистински и издржани проекти, можност на сите за подеднакво вработување, отворање нови работни места, подигање на животниот стандард, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Бидејќи сите заслужуваме еднаква шанса за достоен живот во Македонија, стои во соопштението на Комисијата за труд и социјална политика на ВМРО-ДПМНЕ

ЕУРО 2020

Македонија