среда, 24. февруари 2021. Вести денес: 154
home Вести

За испорака на вакцини во Македонија се чекаат насоки од Европската комисија

За испорака на вакцини во Македонија се чекаат насоки од Европската комисија

Амбасадорот на Чешката Република, Мирослав Томан денеска рече дека ќе треба да се причекаат насоките од Европската комисија за тоа како и колку вакцини ќе бидат испорачани во нашата држава.

-Чешката Република е целосно вклучена во поддршката и го поддржува обезбеудвањето вакцини за Македониаји и западноевропските држави. Парите се тука, 17 милиони евра се на располагање кои треба да се искористат за набавка на вакцините. Нашата позиција во моментот е да ја изведеме вакцинацијата во Макаедонија преку ковакс системот, што значи дека ќе треба да чекаме Европската комисија да ја даде насоката како и колку ваквицни ќе бидат испорачани во вашата држава. Ве уверувам дека ние сме секогаш подготвени да дадеме дополнителни средства за дополнителни вакцини за вас, заинтересирани сме и со нетрпение очекуваме кога ќе почне процесот на вакцинација, но и во Чешка не добиваме толкав број вакцини колку што ни беше ветен. Треба да почекаме уште малку за да видиме јасна слика како сето ова ќе се одвива и во нашата држава и тука, во Северна Македонија, рече Томан, одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата.

Премиерот Заев, пак, истакна дека од политичарите прв веројатно ќе се вакцинира министерот за здравство, Венко Филипче. Така е редот, рече Заев, по лекарите и медицинскиот персонал да се вакцинира и Филипче. Сепак, повтори дека и тој ќе ја прими вакцината, но пред него, предност ќе имаат, посочи, хронично болните, возрасните и луѓето кои досега од КОВИД загубиле член од семејството.

-Потврдувам дека ќе бидам меѓу првите што ќе ја примат вакцината, но не сакам да му го земам правото на никој, и јас сум граѓанин како и секој друг. Сепак, сакам да дадам личен пример дека вакцината треба да се прими за да се заштитиме од корона вирусот и да го вратиме животот во нормала. И јас и моето семејство и моите роднини ќе ја примиме вакцината, порача Заев.

Коронавирус