среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 139
home Вести

За гласање на референдумот досега пријавени 1.725 иселеници

За гласање на референдумот досега пријавени 1.725 иселеници

До денеска до 12 часот, преку веб- апликацијата www.dijaspora.sec.mk до Државната изборна комисија (ДИК) се доставени вкупно 1.725 пријави од граѓани за гласање во Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство.

Како што соопшти ДИК, од нив 1.612 пријави се прифатени, 27 се одбиени, а останатите се во обработка. Најголем број пријави има за гласање во Берн – 170, во Љубљана – 137, во Лондон – 103, во Торонто – 98 и Канбера 71, додека најмал број пријави се поднесени за гласање во Киев, Подгорица и Приштина – по една пријава, и Њу Делхи, Каиро и Доха – по две пријави.

Гласањето во странство ќе се спроведе на 29 септември во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии на Република Македонија во кои се прифатени најмалку 10 пријави за гласање, посочуваат од Комисијата.

Паралалено со пријавувањето на иселениците за гласање на рфеферендумот до 23 на полноќ тече и рокот за јавен увид во Избирачкиот список. До вчера увид во ИС во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК извршиле вкупно 3.996 граѓани. Најголем број граѓани увид извршиле во Битола – 411, во Струмица – 364, Карпош -300, Радовиш – 217 и во Охрид и Прилеп по 199.

МИА

Коронавирус