понеделник, 6. декември 2021. Вести денес: 81
home Вести

За едно деноноќие четворица починати пациенти во штипскиот ковид центар

За едно деноноќие четворица починати пациенти во штипскиот ковид центар

Четворица пациенти починаа за едно деноноќие во штипскиот ковид центар.

Портпаролот на Клиничка болница – Штип Марина Шуманска за МИА вели дека тројца пациенти се од Штип на возраст од 78 и 86 години, а еден пациент на возраст од 75 години е од Берово. Тројца од пациентите не биле вакцинирани, а еден бил имунизиран. Шуманска посочи дека од починатите тројца се мажи и една жена.

Во Инфективното одделение се хоспитализирани 48, а во Кожното одделение се двајца пациенти. На постојана кислородна поддршка се 29 лица, а во дневната амбулатна прегледани се 59 пациенти од Штип и целиот источен регион. Слободни места во штипскиот Ковид центар има за 20 пациенти.

Во рок од два дена починаа шест лица, од кои петмина се од Штип, а еден од Берово. Сите се на возраст од 70 до 90 години.

Најнови вести

Коронавирус