петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 166
home Вести

За една недела скоро 1.000 ново заразени лица, а за Владата тоа не е причина за вонредна состојба

За една недела скоро 1.000 ново заразени лица, а за Владата тоа не е причина за вонредна состојба

Вонредната состојба од 14 дена истекува во сабота, на 14 јуни. Доколку не биде продолжена, тоа ќе значи дека на 5 јули ќе мора да се оддржат изборите, но како проблем пак се јавува зголемениот број на заболени од корона вирусот.

Затоа „Фокус“ во Влада праша дали со оглед на зголемениот број на заразени од корона вирусот, ќе биде побарано ново продложување на вонредната состојба. Од таму одговорија дека во наредните денови ќе се одлучува за сите отворени прашања. Сепак, потенцираат дека засега сметаат дека нема потреба од продолжување на вонредната состојба.

-Владата за ова и други прашања поврзани со Ковид-19 ќе заседава и одлучува во текот на следните денови. Согласно проценките, во моментов не постојат причини и потреби за продолжување на вонредната состојба. Имајќи предвид дека здравствениот систем е подготвен за периодот којшто претстои, економските мерки се целосно уредени и во фаза на имплементација, а за евентуални нови рестрикции во иднина вонредна состојба не е потребна, одговорија од Владата за „Фокус“.

Изборите беа распишани на 16 февруари, и требаше да се оддржат во Уставниот рок од 60 дена. Но со прогласување на вонредната состојба, рокот според власта се замрзна, и продолжува да тече по завршување на вонредната состојба. Владата на 22 март ја донесе уредбата за изборите.

Според владината Уредбата, изборите треба да се оддржат во рок од 22 дена од завршување на вонредната состојба, или во случајот на 5 јули.

Инаку за потсетување за една недела од 01.06.2020, Македонија бележи вкупно 802 новозаболени случаи и 20 смртни случаи, која што бројка не само што е лидер во регионот, туку  е поразителна за справување со коронавирусот во земјава.

Висока бројка на ново заразени лица имаше и вчера кога статистиката забележа 127 нови случаи на коронавирусот.

Локални избори 2021