Со растот на вкупниот број на заболени лица од коронавирус во Македонија, се забележува и зголемен раст на бројот на заболени деца од Ковид-19.
За една недела вкупниот број на заболени деца во земјава е зголемен за 122 случаи, односно по возрасна група нови 69 случаи кај деца од 0-9 годишна возраст и 53 случаи кај деца од 10-19 години.
Во изминатите седум деца односно од 01-07.06 (според достапните податоци на ИЈЗ) се забележува континуиран раст на новозаболени деца од коронавирус на дневна основа, што е прикажано и на фотографијата подолу.На 31 мај во Македонија потврдени биле вкупно 210 случаи на коронавирус кај деца од кои 97 случаи кај возрасната категорија од 0-9 години и 113 случаи кај деца од 10-19 години.