понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 151
home Вести

За да се спречи ескалација на новозаболени време е Филипче да примени реални мерки како во Словенија

За да се спречи ескалација на новозаболени време е Филипче да примени реални мерки како во Словенија

Бројката на новозаболени од КОВИД-19 алармантно расте во Македонија од ден на ден. Министерот за здравство, Венко Филипче уверува дека бројката ќе се намали бидејќи применува мерки од западните земји. Граѓаните и опозицијата алармираат дека мерките кои што ги најавува министерот воопшто не наликуваат на оние од европските земји.

(НЕ)КОРИСНИ МЕРКИ
Ограничување на капацитетот на луѓе во јавниот превоз до 50 проценти, целосна забрана за секакви настани и крај на работното време на сите економски оператори и субјекти во 23 часот, се дел од дополнителниот пакет рестриктивни мерки кои ги соопшти министерот за здравство, Венко Филипче на својата прес-конференција пред неколку дена.

На оваа одлука на министерот за здравство реагираше опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ која што одлучи дури да повика на формирање на нова специјална државна Комисија составена од експерти која ќе расправа и одлучува за состојбата со КОВИД-19 во Македонија. Според ВМРО-ДПМНЕ Комисијата за заразни болести има потфрлено во мерките за спречување на корона вирусот, тие мерки не родиле со плод, напротив само се создале повеќе жаришта во државата.

– Не може Филипче да бега од одговорност. Филипче конечно треба да понесе одговорност. Предлогот на ВМРО – ДПМНЕ за специјална државна комисија за справување со пандемија која ќе брои 11 члена и во која по функција би биле министерот за здравство и директорот за Центарот за управување со кризи, а внатре би членувале специјалисти инфектолози тројца членови, епидемиолози двајца членови, микробиолози двајца членови, еден имунолог и еден специјалист интернист, ќе биде поднесен како посебен предлог независно од предлогот за законски измени“, стои во вчерашното соопштение на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

ИМА КОЈ ЗНАЕ КАКО
Словенија како европска и успешна земја на Балканот може да послужи како пример за Македонија. Словенија поради ескалација на есенскиот бран од КОВИД – 19 воведе мерки со се смета дека ќе се редуцира бројот на новозаболени. Токму оваа земја може да послужи како пример на министерот за здравство, Филипче како да ја управува кризата предизвикана од КОВИД-19.

Од вчера, за првпат во историјата на независна Словенија, стапи во сила полицискиот час, односно ограничувањето на движењето помеѓу 21 и 6 часот наутро, а властите ги повикуваат граѓаните да останат дома. Вон полицискиот час, групирањето е ограничено на најмногу шест лица, а постои и забрана за движење меѓу регионите. Се воведоа ограничувања на движењето помеѓу црвените статистички региони во земјата, кои се вкупно седум. Во овие региони носењето маски е задолжително насекаде, работата е ограничена на одредени услужни и спортски дејности .

Вакви построги мерки ги нема само во Словенија туку и низ другите европски држави. Повеќето европски земји воведуваат рестриктивни мерки поради порастот на бројот на заразени со корона вирус. Меѓу мерките што повторно ќе стапат на сила се ограничување на патувања, скратено работно време на угостителските објекти, лимитирање на јавни собири, работа од дома.

Како што пренесуваат европските медиуми, Холандија воведе нови мерки откако е регистриран рекорден број на заразени. Во оваа земја е задолжително носење на маски, забрането е да се следат спортски натпревари, а баровите и рестораните затвораат во 22 часот.

Во Словачка се забранува одржување на поголеми настани, а властите апелираат граѓаните да носат маски, да избегнуваат поголеми собири, а ако е потребно ќе бидат воведени уште построги мерки.

Шпанската престолнина го лимитира движењето на населението со цел да не се дозволи понатамошно ширење на корона вирусот. Жителите на Мадрид и околината смеат да излегуваат само ако одат на работа, во болница, на училиште, во суд или кај блиски лица. Полицијата повремено врши контрола на луѓето и проверува дали ги носат потребните потврди за движење.

На лик мерките се доста построги и драстични но европските експерти сметаат дека на време треба да се интервенира со построги мерки за да не дојде до колапс на здравствениот систем. Секоја навремена реакција може само да го редуцира бројот на новозаболени од КОВИД-19. Секоја задоцнета реакција може само да предизвика ескалација, енормни бројки на новозаболени, но и хаос и колапс на здравствениот систем.

Најнови вести

Коронавирус