петок, 20. мај 2022. Вести денес: 0
home Вести

За брзо возење казнети 146 возачи

За брзо возење казнети 146 возачи

Во текот на вчерашниот ден (26.01.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 146 возачи.

Од нив шест возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 54 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 92 надвор од населено место.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

Најнови вести

Коронавирус