четврток, 1. октомври 2020. Вести денес: 124
home Вести

За Божиќ гореше зградата на кумановската полиција

За Божиќ гореше зградата на кумановската полиција

Вчера наутро на Божиќ избувнал пожар во една од канцелариите на СВР Куманово. Пожарот е изгаснат откако интервенирало едно противпожарно возило со петмина пожарникари, а пријавен е во 8 часот и 10 минути.

Во пожарот била зафатена една канцеларија на аналитика, која се наоѓа на вториот кат во зградата на СВР Куманово, информираа од кумановската полиција.

Од МВР велат дека по извршениот увид констатирано е дека причина за настанување на пожарот е дотраената електрична инсталација.

Коронавирус