понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 55
home Вести

„За Богдановиќ и луѓето на Заев не важи закон, крши полициски час и кафана само за него работи, додека народ умира по болници“

„За Богдановиќ и луѓето на Заев не важи закон, крши полициски час и кафана само за него работи, додека народ умира по болници“

За Богдановиќ и луѓето на Заев не важи закон, крши полициски час и кафана само за него работи, додека народ умира по болници. Богдановиќ крши полициски час. Кафана буквално работи само за него. Го служат само Богдановиќ, додека сите објекти се затворени, а народот е затворен дома. Ова е одлепеност од реалноста, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Овие слики од кои се гледа како Богдановиќ седи со друштво сам во кафана, и таа работи само за него покажуваат колку се забегани Богдановиќ и луѓето околу Заев. Богдановиќ крши протоколи и закони, а полицијата не реагира. Каде е Спасовски и директорот на БЈБ? Зошто МВР не оди на лице место? До кога функционери на власта ќе бидат привелигирани? Дали Заев и Спасовски мислат дека ќе го заштитат? Нема и не можат. Очекуваме институциите да преземат мерки за санкционирање веднаш! Додека Богдановиќ се забавува, на ден умираат по 30 тина луѓе и народ пати, додаваат од партијата.

Најнови вести

Коронавирус