вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 55
home Вести

За автобуска несреќа во Бугарија оставки поднесоа тројца министри, во Македонија Заев и министрите молчат за одговорност

За автобуска несреќа во Бугарија оставки поднесоа тројца министри, во Македонија Заев и министрите молчат за одговорност

Тројца министри од бугарската влада поднесоа оставка по автобуската несреќа, што се случи минатата година во август, во која загинаа 17 луѓе, а неколкумина се повредени. Бугарскиот премиер Бојко Борисов ги повика министерот за внатрешни работи, за сообраќај и за регионален развој – Валентин Радев, Ивајло Московски и Николај Наков да поднесат оставки и да преземат политичка одговорност.

По ова Радев, Московски и Наков ги напуштија функциите поради несреќата во која се преврти автобус и излета од автопатот, на околу 50 километри северно од Софија.

Валентин Радев министер за внатрешни работи,  Ивајло Московски министер за транспорт и Николај Нанков министер за регионален развој поднесоа оставки затоа што не се справиле добро со ситуацијата. Како причина за лошото и споро справување со несреќата ја наведуваат лошата координација  помеѓу министерствата одговорни  за патната безбедност.

Министерот за внатрешни Радев истакна дека не чувствува лична вина, но со поднесување на оставката вели дека така се носи политичка одговорност и дека така се прави тоа во западниот свет.

– Така постапуваме во ГЕРБ, носиме политичка одговорност, поставени сме на нашите позиции за да вршиме определена работа, очигледно министерствата не беа во состојба спречат ваква трагедија,  изјави Радев.

Нанков истакна дека имаат морална одговорност како раководители на овие три надлежни структури и дека не е нивно да коментираат кој се друг е одговорен и носи вина, но тие тројца ја носат политичката одговорност за инцидентот.

На местото на несреќата во  Бугарија загинаа 13 лица, а четворица починаа во болница.

По завчерашната стравична автобуска сообраќајна несреќа кај Ласкарци загинаа 14 лица, а 37 се  повредени од кои седуммина се во критична состојба. Некои се пуштени на домашно лекување, а останатите се задржани во болница, но не се во животно загрозувачка состојба.

Ниту премиерот Зоран Заев побара одговорност од министри, ниту оставки. И во Бугарија немаше детали за случајот кога бугарскиот министер побара, а министрите поднесоа оставки, несреќата се истражува во земјава, но надлежните не ни спомнуваат одговорност.