вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 1
home Вести

За 30 дена продолжен притворот за уапсените по протестот во Тетово

За 30 дена продолжен притворот за уапсените по протестот во Тетово

Тетовскиот основен суд го прифати барањето на Основното обвинителство и донесе одлука за 30 дена да биде продолжен притворот на петтемина уапсени лица кои се судрија со полицијатга за време на протестите минатиот петок во Тетово, кои беа организирани поради смртта на 14 лица во пожарот во модуларната болница.

Информацијата ја потврди Бесник Асани, адвокат на организаторот на протестот Блерим Ахмети, пренесе МКД.МК.

Првично, судот им определи мерка притвор во траење од осум дена на Блерим Ахмеди, Насер Бехлули, Ветон Алити, Арјан Шерифи и Џeмал Садики, што значи дека тие остануваат во притвор.

Локални избори 2021