среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 1
home Вести

Вучиќ: Заев не знае ништо за преговорите помеѓу Србија и Косово

Вучиќ: Заев не знае ништо за преговорите помеѓу Србија и Косово

Разговорите на Заев со комичарите покажуваат дека тој ништо не знае и нема разговарано со некој кој знае нешто за преговорите помеѓу Србија и Косово, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за Пинк Телевизија, пренесува Република.

Кога некој нам би ни го понудил тоа што тој го зборува, јас со двете раце би го прифатил. Далеку сме од тоа, ние Србите многу сонуваме да добиеме и да имаме отколку што навистина имаме. И тоа ми покажува дека тој не разговарал со некој кој сериозно нешто знае за преговорите и разговорите, вели Вучиќ.

Заев во разговорите со лажниот Порошенко зборува како Србија и Косово почнале да разговараат за размена на граници, односно дека се преговара 10 општини на Северот од Косово да ѝ се дадат на Србија и неколку општини во Јужниот дел на Србија да му бидат дадени на Косово. Сакајќи да покаже дека има голема улога во регионот, Заев му кажува на „Порошенко“ дека тој и Меркел разговарале за тоа прашање и притоа двајцата се согласиле дека се против.

Во врска со обвинувањата на Заев дека Вучиќ е руски човек и дека Русија ја користи Србија за реализирање на скриени намери, Вучиќ посочува дека нема намера на Заев да му објаснува дали е руски човек или не, и дека луѓето како Заев не сакаат Вучиќ да биде претседател на Србија затоа што тој не е ниту американски ниту руски.

Заев ми прати извинување, ми прати порака, не се јави, а може и ќе се јави ода каде да знам. Ми напиша порака извини ако имаше нешто, јас му реков поздрав друже и што да му кажам друго. Сега јас нему да ми објаснувам дали сум руски човек или не сум руски човек. Јас се гордеам со тоа што сум Србин и што се борам само за Србија и што општопознато дека не сум ни американски ниту руски, ниту чиј било човек. И тоа е тежината на мојата позиција и затоа малку од нив ме сакаат на власт во Србија, затоа што не сум нечиј туку само човек на Србија и на нашите граѓани и нашиот народ. А сега јас тоа некому да го објаснувам после тоа, потенцираше Вучиќ.

Коронавирус