понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 192
home Вести

Вучиќ: Советникот на Заев, кој го протеравме од Белград, крадеше гаќи во Америка

Вучиќ: Советникот на Заев, кој го протеравме од Белград, крадеше гаќи во Америка

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера обвини дека Зоран Башановиќ, специјалниот советник на македонскиот премиер Зоран Заев, крадел гаќи кога бил во Америка.

Вучиќ на прес-конференција по синоќешниот упад во РТС, додаде и дека група криминалци кои Србија ги протерала, сега работи во Скопје.

Инаку, Башановиќ е надворешен соработник за економски прашања на премиерот Заев.

– Па има група криминалци од тука, од Белград, која сака да работи во Скопје. Бандити кои ние ги протеравме од тука. Од Саша Мирковиќ, Башановиќ. Сите докажани криминалци. Овој крадеше гаќи во трговски центар во Америка и така натаму. Сега е голем советник и е многу важен а за другиот не сакам ниту да зборувам – изјави Вучиќ.

Најнови вести

Локални избори 2021