среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 178
home Вести

Вучиќ со честитка до Македонците: Ние Србите ќе бидеме со вас со сето срце

Вучиќ со честитка до Македонците: Ние Србите ќе бидеме со вас со сето срце

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, на Инстаграм им го честиташе на сите граѓани на Македонија историскиот пласман на фудбалската репрезентација на Европското првенство.

Во финалето од баражот, Македонците ја совладаа Грузија со 1-0 на гостувањето со голот на ветеранот Горан Пандев.

– Им честитам на сите граѓани на Северна Македонија за историскиот успех и пласманот на фудбалската репрезентација на Европското првенство. Ние, граѓаните на Србија, ќе бидеме со вас со сето срце – пишува во честитката на претседателот на Србија.

За жал Србија не се пласираше за ЕП 2021 бидејќи загуби на пенали од Шкотска.

Коронавирус