среда, 2. декември 2020. Вести денес: 195
home Вести

Вучиќ ќе биде погребан утре, во 13 часот, на Градските гробишта

Вучиќ ќе биде погребан утре, во 13 часот, на Градските гробишта

Погребот на Драган Вучиќ, познатиот пејач, водител и телевизиско лице, кој денеска ја изгуби битката со корона вирусот ќе биде извршен утре, во 13 часот, на Градските гробишта, информираат од неговото семејство.

Неговото тело од 12 до 13 часот ќе биде изложено во капелата на градските гробишта.

Од семејството додаваат дека ќе бидат испочитувани сите заштитни мерки и препораки поврзани со пандемијата со корона вирусот.

Вучиќ почина на Инфективната клиника, на која се лекувал осум дена. Министерот за здравство Венко Филипче, денеска појасни дека Вучиќ бил хоспитализиран на одделението за интензивна нега, откако состојбата му се влошила. Посочи и дека имал многу тежок наод на белите дробови.

Коронавирус