понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Втора недела од кампањата за претседателските избори: Ова се денешните агенди на кандидатите

Втора недела од кампањата за претседателските избори: Ова се денешните агенди на кандидатите

Почнува втората недела од изборната кампања за претседателските избори во тек на која тројцата кандидати за претседателската функција продолжуваат да ги претставуваат своите програми, концепти и визии на средби, трибини и митинзи.

Претседателскиот кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и Kоалицијата, Гордана Силјановска Давкова, ќе одржи митинзи во Македонски Брод и во Кичево.

Стево Пендаровски, кандидат од СДСМ и коалицијата, ќе има средби со жители на село Мирковци во општина Чучер Сандево, по што ќе учествува на граѓански трибини во општините Бутел, Шуто Оризари  и во Ѓорче Петров.

Блерим Река,  претседателски кандидат поддржан од Алијансата на Албанците и БЕСА, пак, ќе има средба со граѓани во Теарце.

Силјановска Давкова ќе се претстави на централен митинг во Скопје претстојниот викенд на 13 април, а ден потоа, на 14 април, централен митинг ќе има и Пендаровски. Река ќе има завршна конвенција на 18. месецов.

Кампањата официјално почна на 1 април, а ќе трае до 19 април по што следува 24-часовен изборен молк пред денот на гласањето.

На терен продолжува и изборната кампања и на кандидатите за градоначалници во Охрид, Ново Село и во Дебар, за кои изборот се одржува заедно со претседателските избори за кои првиот изборен круг е закажан за 21 април, а вториот за 5 м

Коронавирус