сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Втор состанок на Координативното тело за помирување, поканет и Заев

Втор состанок на Координативното тело за помирување, поканет и Заев

Собраниската Интерпатиската парламентарна група за интеграција, реформи и помирување денеска треба да го одржи вториот состанок, на кој е поканет премиерот Зоран Заев да ги образложи своите гледишта.

На првиот состанок што беше одржан пред два дена членовите на Интерпатиската парламентарна група постигнаа согласност за формирање три работни подгрупи и за динамиката на работата на ова тело.

Копретседавачот на телото, потпретседателката на Собранието Фросина Ташевска Ременски по состанокот рече дека ваквите одлуки се донесени во интерес на процесите што претстојат, а со цел промовирање атмосфера на комуникација и соработка во контекст на ЕУ интеграциите.

Трите работни подгрупи се  однесуваат за реформи, интеграција и помирување. Овие три работни подгрупи ќе имаат можност и право да ја консултираат стручната јавност за прашањата кои ги дебатираат со што се дава инклузивност на целиот процес.

– Сите овие процеси кои се взаемно условени мора да дојдат во еден здив во пријатна атмосфера каква што имавме на денешниот состанок и пред се со консензус за наднационалните интерси на РМ кои првично не помируваат, а тоа е иднината на Македонија во НАТО што го очекуваме во јануари преку потпишување протокол за членство. Уставните измени и спроведување на обврските од Договорот од Преспа и најважната задача, а тоа е евроинтеграциската агенда која не исправа пред обврска да добиеме датум за почеток на преговорите и исполнување на критериумите за право и правна држава, рече Ташевска Ременски.

Емилија Александрова од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ која е исто така копретседавач со Координативното тело за помирување, истакна дека очекува забрзување на процесот на помирување, на реформите и на интеграцијата.

– Ние го дадовме нашиот влог на 19 октомври. Очекуваме процесите да добијат на динамика и да се отпочне со нивна имплементација. Ова се условени процеси, не се бланко потписи и затоа ги повикуваме сите учесници, а пред се власта и премиерот Заев да почне уште денеска со својот придонес кон забрзување на овој процес. Сепак, не очекуваат процеси кои нема да бидат лесни за сите, но ние како независни пратеници одлучивме дека треба да застанеме на таа страна на нашата држава и дека во оваа ситуација нема простор за импровизација, рече Александрова.

Таа потврди дека не постои нацрт закон и оти процесот во моментов е во фаза на изнесување предлози и сугестии за можни решенија во однос на амнестијата. Очекува што е можно побрзо разврска за настаните од 27 април.

Координативното тело за помирување брои 15 члена од владејачкото мнозинство, од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и пратеници кои немаат пратенички групи.

Во телото не учествуваат претставници на Беса, ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата за Албанците.

МИА

Коронавирус