сабота, 21. мај 2022. Вести денес: 59
home Вести

Втор ден застој на железничкиот сообраќај во земјава – вработените си ја бараат платата!

Втор ден застој на железничкиот сообраќај во земјава – вработените си ја бараат платата!

Втор ден не сообраќаат патничките и товарните возови во државава откако машинскиот и извршниот персонал во Железници Транспорт на РСМ вчера изутрина почна бојкот поради неисплатениот втор дел од платата за декември лани.

Душко Чакаровски, претставник на машинскиот персонал изјави дека бојкотот продолжува до исполнување на поставеното барање. Има, како што вели, најави од раководството на претпријатието дека вториот дел од платата ќе биде исплатен утре, но засега нема промена на нашата одлука.

Согласно со Одлуката од 2 ноември 2021 година машинскиот и извршниот персонал најави дека нема да ги извршува работите ако платата за претходниот месец не биде во целост исплатена до 25-ти во тековниот месец. Одлуката беше донесена по прекинот на работата во ноември, исто така поради доцнење со исплатата на платата. Поради истата причина бојкот имаше и во август лани.

Најнови вести

Коронавирус