понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 103
home Вести

Втор ден од претседателската кампања

Втор ден од претседателската кампања

Претседателските кандидати денеска со средби со граѓани и митинзи ја продолжуваат изборната кампања.

На вториот ден од кампањата, кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски ќе биде во скопско и ќе ги посети Сопиште и Студеничани, а за попладне закажани се митинзи во Центар и Аеродром.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска ќе го претстават својот кандидат Гордана Силјановска-Давкова пред граѓаните на Дебарца, Струга и Ресен.

Претседателскиот кандидат на Алијанса за Албанците и Беса, Блерим Река, според најавите, за денеска нема закажано активности.

Кампањата официјално започна вчера, а ќе трае до 19 април по што следува 24-часовен изборен молк пред денот на гласањето.

Тројцата кандидати за претседател на државата ветија мирна и фер кампања со посета на речиси сите населени места. Тие вчера ја започнаа кампањата – Пендаровски од Прилеп, Силјановска од Охрид и Река од Скопје.

Според најавите, СДСМ во среда во Скопје во арената „Борис Трајковски“ ќе одржи конвенција, а ВМРО-ДПМНЕ го има закажано централниот митинг во Скопје во сабота на 13 април.

Коронавирус