недела, 19. септември 2021. Вести денес: 0
АКТУЕЛНО

ЦРН РЕКОРД НА ПОЧИНАТИ ВО ЗЕМЈАВА: Денеска над 40 починати, НАЈМЛАДИОТ НА САМО 18 ГОДИНИ!

home Вести

Втор ден дебата за ребалансот на Буџетот

Втор ден дебата за ребалансот на Буџетот

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 47-та седница ја продолжи расправата за дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2021 година.

Пратениците од опозициските партии и во денешната расправа рекоа дека ребалансот е одлика на една неодговорна власт, која ги донесе граѓаните да бидат најзадолжени во историјата, а економијата да биде во најголема криза.

Бедри Фазли од ДУИ говореше за пандемијата и нејзиното влијание врз економијат во земјава, како и за напорите кои Владата ги прави да ги менаџира секторите погодени од ова светска пандемија.

Во контрарепликата пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски, меѓу другото рече дека и покрај тоа што се декларираат како зелена партија, не е прифатен ниту еден од доставените амандмани од страна на опозицијата, а кои се однесуваа за заштита на животната средина.

На почетокот на денешното продолжение на седницата процедурално реагираше координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, кој рече дека се работи втор ден по ребалансот на Буџетот, а дека ефективно во вчерашниот ден се има сработено само три часа. Тој со забелешка дека и денеска почетокот на седницата доцнеше околу 40-минути и дека се крати деловничката можност шо пратениците ја имаат за да ги изнесат своите ставови во врска со Ребалансот. Побара овие пет дена, колку што треба да трае расправата по Ребалансот седниците да почнуваат навреме, односно во 11 часот, а да завршат во 18 часот.

Министерот за финансии Фатмир Бесими, вчера посочи дека капиталните инвестиции воглавно се зголемуваат во буџетската структура и стигнуваат до 11,1 процент за разлика од претходните девет години кога биле 9,5 проценти. Ако се споредиме со другите години, како што рече тој, реализацијата на капиталните инвестиции била отприлика 55, 60, 70 проценти, а оваа година се рализирани 81 процент.

Тој, во неговото експозе наведе дека предложениот ребаланс на Буџетот ги отсликува економските и социјалните политики што ќе ги спроведува Владата, кои се насочени кон остварување на клучните цели утврдени со стратешките приоритети.

Бесими нагласи дека здравјето на граѓаните, здравата економија, како и здрави финансии и општество воопшто остануваат клучни приоритети за оваа година.

Вкупните приходи со измените и дополнувањата се планирани на ниво од 222,5 милијарди денари или се за 4,7 отсто повисоки во однос на иницијалните проекции на Буџетот. Вкупните расходи се планирани на ниво од 268,8 милијарди денари или за 8,6 отсто, повисоки во однос на планот, а планираните приходи и расходи, претпоставуваат дефицит во износ од 46,2 милијарди денари, односно 6,5 отсто од БДП. Во ребалансот е предвидено да има раст на приходите од 4,7 отсто или за околу 10 милијарди денари, повеќе средства за капитални расходи за 24 отсто, како и дополнителни средства за мерките за поддршка на домаќинствата и стопанството, за здравството и за процесот на имунизација на населението, зголемена поддршка на земјоделството и социјално ранливите категории.

Седницата продолжува во 15 часот, по редовната пауза.